„Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме“, напиша Турунџиева под фотографијата која ја објави на својот инстаграм – профил.
Сузана Турунџиева е една од ретките јавни личности која се посвети максимално да и помогне на хероината од документариот филм „Медена земја“.
Ова лето Турунџиева ја посети Атиџе Муратова во нејзиниот дом во Бекирлија, а потоа станаа неразделни пријателки, притоа истакнувајќи дека таа средба и било најубавото нешто што и се случило во оваа тешка година.
Честите дружби на Атиџе и Сузана се секогаш забележани од јавноста. Двете дами уживаат во секое нивно заедничкото дружење со песна, а Сузана сите тие моменти ги споделува на својот инстаграм – профил.
ФОТО: Што очекува Сузана Турунџиева од новата 2021 година, а по што ќе ја памти 2020?