Кога ќе дојде време за изборот, секогаш се расправа дали некоја девојка заслужила да победи или не и дали е навистина најубава од сите други кандидатки.

Вкусовите се различни и не треба за нив да се дискутира. Но, тоа штотуку се случува во Турција, каде победничката на тамошниот избор предизвика голема бура од коментари.

Станува збор за Идил Билген, која има 24 години и моментално е пред голем предизвик и во кариерата и воопшто во животот. На социјалните мрежи се водеше полемика дека „не е доволно убава“ за да ја освои титулата за најубава, пишува „Блик“.

Оваа млада девојка сега се соочува со остри критики со кои е полн интернетот, ја исмеваат и навредуваат. Дури и некои лекари кои се занимаваат со естетика изјавија дека таа „не е доволно убава“.

Младата Идил реши да се појави пред јавноста во ток-шоу за да им објасни на гледачите дека самата конкуренција „се однесува на други работи освен убавината, како што е интелигенцијата“.

Својот говор го заврши со зборовите дека „таа е докторка, но и Турчинка и сака да биде гласот на жените на изборот за Мис на светот“. Сепак, многумина ја критикуваат и обвинуваат дека ја добила титулата поради нејзиното семејно потекло – нејзиниот татко е амбасадор на Турција во Киев, Украина. И покрај сѐ, Идил останува сигурна во себе и се надева дека на претстојното натпреварување ќе успее да ги одбрани жените во Турција и да освои голем број бодови.