Детето што го постигна победничкиот поен во ревијалниот меч меѓу тениските ѕвезди Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров се вика Дамјан Аврамовски. Пред неколку дена го прославил својот 13-ти роденден. Како што јавува бугарската Нова телевизија шоуто што го приредија Димотров и Ѓоковиќ ќе остане еден прекрасен спомен за младиот тенисер, пренесува Трибуна.

Нана како што го нарекуваат неговите најблиски е роден во Северна Македонија , но се натпреварува за Бугарија. Неговиот татко Бранко Аврамовски е и негов тренер. Во моментот Дамјан е најдобриот тенисер до 13 години во Бугарија. Може да се пофали со голем број успеси во Бугарија и странство. Игра со левата рака исто како неговиот идол Рафаел Надал.

Талентираниот тенисер не ги крие своите цели во тенисот.

,, Мојата цел веќе 4 години е да влезам во топ 50 тенисери на Европа. Досега се се одвива перфектно. Во моментот сум на 250 тото место , се надевам да бидам успешен како Ѓоковиќ. Нема да биде лесно, но со многу тренинзи ќе успеам”, вели Дамјан.