Франција ќе мобилизира 100.000 полицајци во Париз за да ги растераат забавите за време на новогодишната ноќ и да спроведе полициски час воведен во борбата против вирусот корона.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди видливо присуство на полицијата во центарот и предградијата од 20 часот кога започнува полицискиот час.
Казната за непочитување на полицискиот час, кој е на сила од 20 часот вечерта до 6 часот наутро, е 135 евра, додека за нарушување на јавниот ред и мир и за вознемирување на соседите е 68 евра.