Прекрасното божиќно цвеќе или Божиќна ѕвезда, како што популарно го нарекуваат, обично завршува во отпад по празниците бидејќи не знаеме како да ги одржуваме. Не мора да биде така оваа година ако знаеме како да се грижиме за него. Со неколку вредни совети, популарната Божиќна ѕвезда ќе го краси вашиот дом долго откако ќе зачекориме во 2021 година.

Unsplash

Чувајте ја на умерено топло и светло место

Божиќната ѕвезда сака топлина и светлина, но не премногу. Затоа не е добро да ги чувате овие празнични цвеќиња, на пример, до радијатор или друг извор на топлина, но не ги вадете ниту на тераса за да не замрзнат.

Unsplash

Полевајте го со вода – одоздола

На овие цвеќиња дефинитивно им треба вода, но сепак не претерувајте со наводнување. Исто така, знајте дека Божиќната ѕвезда се наводнува одоздола со ставање вода во заштитната чинија на саксијата. Во спротивно може брзо да овене.

Затоа, на секои три дена, дополнете ја чинијата под саксијата со вода, а вишокот секогаш празнете го. Растение ќе си земе вода колку што му е потребно.

Unsplash

Одржувајте на стеблото

За Божиќната ѕвезда повторно да цвета, откако ќе и испаднат лисјата и ќе се исушат стеблата, скратете ги стеблата неколку сантиметри.

Потоа преместете ја на поладно место каде што температурата не надминува 15 степени. Божиќната ѕвезда треба да остане во такви услови цели осум недели.

По тој период, треба да се пресади во поголема саксија од која повторно ќе почне да расте.