„После претседателката Гордана Силјановска и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека нема загрозување на безбедноста на државата и затоа нема потреба од свикување на Советот за безбедност.

Ова значи дека и Силјановска и Тошковски го демантираат премиерот Христијан Мицкоски кој јавно соопшти дека има информации за нарушување на безбедноста и дека се спрема дестабилизација на земјата.

Сосема спротивно, според официјалните изјави на претседателката Силјановска и на министерот Тошковски Мицкоски не поседувал информации за нарушување на безбедносната состојба.

Очигледно најавите на Мицкоски за некаква дестабилизација биле без основа, односно  не се ништо друго освен сценирање, заплашување  и манипулација со чувствата на граѓаните.

За изнесените лаги Мицкоски треба да излезе и да им се извини на граѓаните!

Ова секако не го исклучува од одговорност, за што Обвинителството треба да го повика Мицкоски на сослушување“, се вели во соопштението на СДСМ.