Независната новинарка Занг Зан е осудена на четири годинии затвор, бидејќи известувала во екот на почетното избивање на коронавирусот во кинескиот град Вухан. Кинеските власти сметаат дека со известувањето таа придонела за ширење паника и предизвикување кавги.

Занг Зан во февруари допатувала во Вухан за да известува за избивањето и ширењето на вирусот ковид-19, а тоа било токму во време кога властите се обидувале да го спречат влијанието на приватните и државните медиуми. Потоа во мај новинарката се повлекла во целост, но подоцна била идентификувана во Шангај, каде што била пронајдена и уапсена.

Таа е обвинета за кривично дело наметнување кавги и предизвикување проблеми, што обично се користи за мета на новинари и активисти за човекови права.

Занг е првата новинарка за која е познато дека е осудена поради својата улога во известувањето за пандемијата, објави Си-ен-ен.