(ВИДЕО) Родители на заложник на Хамас на ДНЦ 2024: Враќањето на заложниците дома не е политичкo, туку хуманитарно прашање

Џон Полин и Рејчел Голдберг-Полин, родителите на Херш Голдберг-Полин – израелско-американец кој беше киднапиран од Хамас додека присуствуваше на музичкиот фестивал Нова на 7 октомври – ја споделија својата „тaга и мизерија“ на Националната конвенција на Демократите, пречекани од присутните демократи со извици „Вратете ги дома“.

„Во моментот Хамас во Газа држи 109 луѓе како заложници. Меѓу нив 8 се Американци, еден од нив е и нашиот единствен син. Оттогаш поминаа 320 дена“, изјави Рејчел на почетокот од своето обраќање.

„Оттогаш живееме на друга планета. Секој кој е родител или имал родител може да се обиде да ја замисли маката и мизеријата што ги трпиме јас и Џон и сите заложнички семејства“, рече таа.

Џон изјави дека ова е политичка конвенција, но враќањето на неговиот син и на сите заложници дома не е политички проблем, туку хуманитарен проблем.

Двајцата рекоа дека се сретнале „многу пати“ во Белата куќа со Бајден и Харис.

„Сите сме им длабоко благодарни. Ние сме исто така длабоко благодарни на вас, на милиони луѓе во САД и во целиот свет, кои испраќате љубов, поддршка и сила на заложничките семејства. Не натеравте да дишеме во свет без воздух“, изјави Џон Полин.

„Ние знаеме дека единственото нешто што мора веднаш да се направи за да се намали притисокот и да донесе смиреност во целиот регион е договор кој овие 109 заложници ќе ги врати дома и ќе му стави крај на бескрајното страдање на невините цивили во Газа“, истакна Џон.

Подготви: Б. Ј.