Едно лице го загуби животот во страотна сообраќајка во гостиварско, јавува ТВ Коха.

Во автомобилот имало четири патници. Тројца се повредени и префрлени во болница, додека едно лице им подлегнало на повредите, јавува порталот.

Засега нема официјални информации од МВР, иако дел од медиумите објавуваат дека неофицијално во несреќата, крај село Форина, учествувале две возила, од кои едното управувано од 57-годишен гостиварчанец, како и возило со австриски ознаки управувано од 18-годишник.

ФОТО: ТВ Коха