Со годишен раст од 2% Бугарија се наоѓа на второ место во ЕУ според растот на бруто домашниот производ а пред неа се наоѓа само Шпанија со 2,9% годишен раст на БДП, пишува 24 Часа, пренесува Трибуна.

Податоците на Евростат покажуваат продлабочување на тенденцијата од почетокот на годината а имено водечките економии во ЕУ и еврозоната се во период на рецесија, додека земјите на југ можат да се пофалат со економски раст.
Економскиот раст во Бугарија се должи на зголемување на побарувачката и зголемувањето на платите и на пензиите. Извозот на Бугарија е нараснат за 0,9%.

Според Министерството за финансии, бугарската економија би требало да покаже 3,2% годишен раст, но тоа изгледа нереално. Предвидувањата на ММф, Европската комисија, БНБ и трговските банки, се движат од 1,9 до 2,2% економски раст за оваа година.