(ВИДЕО) Уништвуањето на животната средина во Украина, дел од руската воена тактика

Огромни области на Украина се загадени со нагазни мини, токсични хемикалии и тешки метали. Стотици илјади квадратни милји земјоделски површини се десеткувани, подземните води се контаминирани, а природните резервати се трошат од пожар.

До денес, Украина истражува 209 кривични случаи на воени злосторства кон животната средина, вклучително и 14 случаи на екоцид извршени како дел од руската војна против Украина. Овие случаи ги води Специјализираното обвинителство за животна средина заедно со регионалните обвинителства. Канцеларијата на јавниот обвинител е подготвена да ги сподели собраните докази со Мeѓународниот кривичен суд за да помогне во изградбата на случаи против руски команданти за воени злосторства што ја оштетиле животната средина.

Во видеото на Инстаграм што го објави united24.media и pgo_ukaine, меѓумногуте примери како руската агресија влијае врз животната средина, се вели дека Русија користи масивно уништување на природата како дел од нејзината тактика.

„Екоцидот е воен криминал и мора да кривично да се гони РИмскиот Статут и Женевската конвенција“, велат креаторите на видеото.