Руските сили во текот на ноќта го извршија најголемиот напад врз Кијив годинава, а украинската противвоздушна одбрана собори повеќе од 40 беспилотни летала над главниот град, додека над цела Украина беа соборени околу 89 дронови и еден проектил.
Засега нема информации за жртви или штети, пишува Кијив Индипендент.
Началникот на Воената управа на градот Кијив, Серхиј Попко, најави дека ова е еден од најзначајните напади од почетокот на инвазијата и дека руските сили се обидуваат со нови тактики да го погодат главниот град на Украина.
„Агресорот пробува нова тактика – бара вистинско време, методи и средства да го погоди Кијив“, напиша Попко на Телеграм, пренесе МИА.