По изборите во Европскиот Парламент: Што е следно за ЕУ ​​и Зелените?

Изборите во Европскиот парламент можеби завршија, но тоа не значи дека констелацијата на моќ во ЕУ е целосно врежана во камен.

Во подкастот „Бел – Европа“ на Фондацијата Хајнрих Бел -ЕУ, Родерик Кеферпуц, директор на канцеларијата за ЕУ ​​на Фондацијата Хајнрих-Бол, разговара за ова со Бас Ајкхоут, долгогодишен пратеник во Европскиот парламент од Холандските Зелени и копретседател на Групата Зелени/ЕФА. разговара токму за значењето на  европскиот изборен резултат за ЕУ ​​и иднината на Европскиот зелен договор, како работат Зелените во Европскиот парламент, кои се нивните приоритети и дали Зелените само може да биде нов моќен посредник кој е неопходен за конзервативците, социјалдемократите и либералите да имаат стабилно мнозинство. 

„Не мислам дека од овие избори не излезе барем една јасна порака, но она што го гледаме е дека има во многу земји пораст на  крајно-десните и за тоа најмногу се зборува. Мислем дека е премногу површно избрите да се гладаат само до тој агол. На пример, скандинавските земји се свтреа кон лево и никој не зборува за тоа. А тие исто така се Европска Унија“, вели Ајкхоут.

Ајкхоут вели дека Зелените по изборите, она што го покажаа е дека се смирени, релаксирани и стабилни, веднаш одбрале ново лидерство.

Сепак, не е мала загубата на Зелените во европскиот Парламент, но беше доволна фон дер Лајен за да биде реизбрана за претседателка на Европската Комисија.

Зелените во таа насока обезбедија  обврски од новиот претседателка да го продолжи Зелениот договор, да ја заштити демократијата и да изгради социјално поправедна Европа.

„Ова гласање го потврдува четиригрупното демократско мнозинство во Домот и ја спречува екстремната десница да ја води агендата на ЕУ во следните пет години’, велат од Зелените. 

Ајкхоут вели дека најголемите полемики ќе се водат околу Зелениот договор.

„Зелениот договор сè уште е најдобрата алатка на Европа за заштита на луѓето, справување со климатската криза и за иднината на нашиот континент. Ги повикуваме другите политички групи, особено ЕПП и Ренју, да ги зајакнат напорите да се придвижи напред Зелениот договор како економски мотор за економијата на Европа. Подготвени сме да ја одиграме нашата улога и да работиме со оние кои стојат на страната на демократијата и слободата за сите и ќе се бориме со сите кои ги напаѓаат вредностите на Европската унија’, изјави тој во пресрет на изборите за ЕП. 

Подготви: Б. Ј.