Успешно заврши првиот дел од работата на претставата “Без крв” во копродукција на Драматичен театър-Пловдив и Teatar Jordan H.K. Dzinot- Veles, јавува преку својот Facebook профил познатиот македонски актер и уметнички директор на Велешкиот театар Васил Зафирчев, пренесува Трибуна.

„Беше големо задоволство и уживање, скоро месец и половина да се живее и работи во Пловдив и да се биде дел од прекрасната екипа на проектот. Благодарност до режисерот, авторот на драматизацијата, актерскиот ансамбл и соработниците, како и техничките и административни служби на театарот за топлиот прием, љубовта, вербата и креативната енергија што ја споделивме.

Продолжуваме повторно кон крајот на август до премиерата закажана на 10 септември на фестивалот Сцена на кръстопът“, пишува Зафирчев.

Фото: Георги Вачев.