По неколкунеделни расправии околу финансиите на најголемата европска економија, gерманскиот кабинет е подготвен да го одобри долго оспоруваниот буџет за 2025 година.
Нацртот, за кој преговараа коалициските лидери – канцеларот Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), министерот за економија Роберт Хабек од Зелените и министерот за финансии Кристијан Линднер од про-бизнис Слободната демократска партија (ФДП), повикува на вкупен буџет од 480,6 милијарди евра (околу 524 милијарди долари) – нешто помалку од оваа година, пренесува Германскиот информативен сервис.
Линднер планира нови заеми во вкупна вредност од 43,8 милијарди евра, што е максимум дозволен со строгите правила на Германија против обичниот буџетски дефицит, познат како должничка кочница, која е запишана во уставот на земјата.
Шолц, Хабек и Линднер со недели се обидуваат да ја намалат финансиската дупка од околу 30 милијарди евра. Останува нејасно дали успеале, бидејќи мерките во вкупна вредност од околу 8 милијарди евра сè уште се под уставна и економска ревизија.
Се очекува Кабинетот да одобри и ребаланс на буџетот за тековната година. Коалицијата планира да преземе околу 11 милијарди евра дополнителен долг.
„Со овој буџет обезбедуваме безбедност и стабилност во време на немири и несигурност“, рече федералниот канцелар Олаф Шолц во петокот.
Кочницата на долгот сепак ќе се почитува, бидејќи и овозможува на федералната влада да зема повисоки заеми поради послабата економија.
Клучните точки за иницијатива за раст исто така треба да се одлучат. Мерките имаат за цел да го зголемат економскиот раст за околу 0,5 процентни поени на краток рок.
Фирмите треба да добиваат стимулации за инвестирање преку подобри услови за амортизација, додека вработените ќе добијат финансиски стимулации за прекувремена работа и работа за време на пензија.
Дополнително, владата има за цел да ја направи работата во Германија попривлечна за странските квалификувани работници.
М. Д.