Националниот координатор на Претседателската работна група (ПТФ) за ковид-19 д-р. Сани Алију, откри дека е во контакт со професорот Кристијан Хапи, кој заедно со Ајфи Аниебо водел група да спроведе студија, каде откриле дека мутираната верзија на вирусот ковид-19 постои во Нигерија со месеци.
Шефот на африканските центри за контрола и превенција на болести, Џон Нкенгасонг, додаде дека е потребно да се спроведе понатамошна истрага.
Тоа е различна варијанта во споредба со оние во Велика Британија и Јужна Африка, изјави Нкенгасонг пред новинарите, пренесе АП.
Тој посочи дека нигерискиот центар за контрола на болести и африканскиот центар ќе анализираат одреден број примероци.
„Дајте ни време… Сè уште е многу рано“, рече африканскиот експерт.
„Предупредувањето за постоење на наводна нова варијанта на коронавирусот се заснова на две или три генетски секвенци“, додаде тој.
Африканскиот континент сега има повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи на коронавирус, или 3,3 проценти од глобалните случаи.
Во текот на изминатите четири недели инфекциите низ континентот се зголемија за 10,9 проценти .