Француската агенција за лекови ХАС денеска соопшти дека ја одобрила вакцината од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“ за употреба при вакцинирање на француските граѓани.
„Вакцината може да се користи за лица на возраст од 16 години“, се вели во соопштението.
Европската агенција за лекови даде одобрение за употреба на вакцината на територијата на ЕУ во понеделникот.