Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција по завршувањето на самитот на НАТО во Вашингтон, пренесоа француските медиуми.
-Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно. Токму во овој дух беа донесени важните одлуки овде во Вашингтон за да се направи нашата поддршка трајна и да се унапреди членството на Украина во НАТО, рече францускиот претседател.
Тој додаде дека прашањето за директното учество на НАТО во конфликтот во Украина не е на дневен ред.
-Иако нема директно учество на Алијансата во конфликтот во Украина, од суштинско значење е сојузниците да продолжат да даваат ефикасна поддршка. Русија не смее да победи во војната. Не само иднината на Украина, туку и мирот и безбедноста се загрозени на сите на континентот, рече Макрон.
Францускиот претседател на прес-конференцијата увери дека Франција ќе продолжи да ги исполнува меѓународните обврски, но одби да коментира внатрешно-политички прашања. Тој рече дека исто така ги уверил сојузниците дека неговата земја ќе продолжи да се придржува до своите меѓународни обврски.
Макрон, исто така, рече дека е легитимно унгарскиот премиер Виктор Орбан да патува во Русија и Кина во својство на унгарски премиер, но не во име на ЕУ.
За Бајден, Макрон рече дека имал детален разговор со него, јави МИА.
-Искусен човек, бидејќи тој несомнено е околу преговарачката маса овде, еден од оние кои имаат најголема длабочина на визија за овие меѓународни прашања и чија цврстина како сојузник, неговото знаење и неговата приврзаност кон Европа се достојни за пример. Франција, Европа, Украина имаат голема среќа што имаат таква администрација, претседател посветен како него, кажа Макрон, мислејќи на Бајден.