Кулеба: Ги повикуваме сите земји и меѓународни организации најостро да го осудат денешниот удар и да преземат итни мерки за зајакнување на воздушната одбрана на Украина

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, денеска по рускиот ракетен напад врз Кијив, изјави: „Како резултат на рускиот ракетен напад врз Украина, една од најголемите детски болници во Украина, Охматдит, претрпе сериозни штети.

Се известува за повредени деца. Службите за итни случаи и жителите на Кијив ги пребаруваат урнатините. Во текот на денот беше нападната уште една болница во Кијив. Ова е доказ дека Русија намерно ги напаѓа медицинските установи и објектите на цивилната инфраструктура. Русите ги гранатираа Кијив, Днипро, Кривиј Риг, Словјанск и Краматорск.

Заклучно со сега, ширум Украина е познато за најмалку 27 починати и повеќе од 100 повредени лица. Овие бројки може да се зголемат. Овој варварски напад повторно ја покажува пред целиот свет, сите лидери и земји, итноста да ѝ се обезбедат на Украина дополнителни системи за противвоздушна одбрана и муниција што е можно поскоро.

Дополнителни „Патриоти“ и оружје. Ги повикуваме нашите партнери да ги донесат неопходните одлуки без одложување.

Како што неодамна изјави Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на прес-конференција со Премиерот на Полска, Доналд Туск, Украина веќе се обрати до земјите-членки на Советот за безбедност на ОН со барање да се свика итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со руските напади врз украинската цивилна инфраструктура.

Ги повикуваме сите земји и меѓународни организации најостро да го осудат денешниот удар, да преземат итни мерки за зајакнување на воздушната одбрана на Украина и да отфрлат било какво договарање со убијците на деца и цивили“, порача Кулеба.