Кипар стана првата држава членка на ЕУ која најави дека планира укинување на барањето за влез во земјата да биде во вид на тестирање и карантин за патниците вакцинирани против ковид-19.
Според владиниот план, ова би требало да стапи на сила во март 2021 година, па така вакцинираните патници нема да мора да ги исполнуваат другите правила за влез кои се однесуваат на ковид-19.
– Се очекува изменетиот план дополнително да го зголеми интересот на авиокомпаниите за објавување на дополнителни летови за Кипар, да се подобри поврзаноста и зголемување на патничкиот промет – рече министерот за сообраќај Јанис Кароусос.
Тој напомена дека новиот акциски план вклучува четиристепена листа на безбедносни патувања, која ќе ја замени сегашната.
Кога станува збор за патниците кои не се вакцинирани до моментот кога акцискиот план во 2021 година ќе стапи на сила, тие и натаму ќе мораат да ги исполнат барањата на Кипар врз основа на земјата од која потекнуваат.