Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и министерот за одбрана на Грција, Никос Дендиас ќе го посетат седиштето на европската операција „Аспидес“ (Штитови) во Лариса, додека пак утре ќе бидат во Џибути во посета на грчката фрегата што учествува во конкретната операција во Црвеното море, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за одбрана на Грција соопштија дека Дендиас и Борел денеска ќе имаат средба во Атина, а потоа ќе го посетат грчкиот град каде што е и седиштетот на „Аспидес“ и ќе бидат информирани за активностите.
Во продолжение ќе заминат за Џибути и утре, на пристаништето ќе ја посетат грчката фрегата „Псара“, која учествува во европската операција.
Фото: Министерството за одбрана на Грција