Легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер Перо Квргиќ почина на 94 години, само неколку недели по Мустафа Надаревиќ. Последните години од животот ги поминал во Дом за стари лица во Загреб.
Перо Квргиќ глумел во сите поголеми хрватски театри за време на неговата долга кариера, а често глумел и во филмови и во телевизиски серии. Во својот живот одиграл повеќе од 190 улоги, а од глумата не се откажа дури и во подоцнежните години.
Во 1944 година, на само 17 години, се приклучил на партизанските театарски групи, а од 1950 до 1954 година бил член на ансамблот на Хрватскиот народен театар во Загреб.
Потоа се приклучил на ансамблот на Драмскиот театар во Загреб, за повторно да се врати во Хрватскиот народен театар, во чиј ансамбл останал до пензионирање.
Тој во својата кариера добил голем бројни награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело „Владимир Назор“, а во 2007 година доби своја ѕвезда на улицата на славните во Хрватска која се наоѓа на шеталиштето Слатина на Опатија.