По одлуката за донации на вакцини, премиерот Зоран Заев му се заблагодари на бугарскиот премиер Бојко Борисов.
„Ова е исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија. Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет“, напиша Заев на фејсбук.