Полицијата во Берлин денеска изврши серија претреси поврзани со истрагите за меѓународната трговија со оружје.
Портпаролот на германската полиција изјави дека околу 150 полицајци учествувале во рациите, но не наведе повеќе детали.
– Берлин е и останува жариште за меѓународните криминални мрежи, ова се однесува на дрогата, како и на трговијата со остро оружје, кое се дистрибуира преку „даркнет“ (darknet) мрежа или добро организираните банди, изјави шефот на полицискиот синдикат во Берлин, Стефан Вех.