Шолц ќе се консултира со германските премиери за илегалната миграција

Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе разговара за проблемите поврзани со илегалната миграција со премиерите на германските покраини во Берлин, јави ДПА, пренесува новинската агенција МИА.

Покраините инсистираат пред се дека процедурите за азил за мигрантите да се одвиваат во трети земји надвор од Европската унија.

Сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фесер нарача идејата да ја разгледаат експерти на таа тема, од кои многумина се скептични. За резултатите ќе се разговара на денешната средба.

На состанокот најверојатно ќе се разговара и за поддршката на канцеларот за укинување на забраната за депортирање на лица кои извршиле сериозни злосторства назад во Авганистан и Сирија. Забраната за депортација е поврзана со кршење на човековите права во двете земји.