Илон Маск соопшти дека акционерите на „Тесла“ со големо мнозинство ја изгласале рекордната исплата за него и најави дека ќе го пресели седиштето на компанијата во Тексас.
Компензацијата за Маск од 56 милијарди долари првпат беше договорена во 2018 година, но беше блокирана од суд во Делавер по тужбата од еден мал инвеститор. Судијата тогаш кажа дека сумата не е фер, а процесот на утврдување на пакетот, од одборот во кој доминираше Маск, бил погрешен.
„Тесла“ ја опиша судската одлука како фундаментално неправедна и несоодветна со волјата на акционерите. Компанијата потоа постигна договор за ново гласање и побара од акционерите да го поддржат планот за нејзиното иселување од Делавер.
Управниот одбор донесе одлука дека Маск го заслужува пакетот бидејќи „Тесла“ ги постигнала своите амбициозни цели под негово водство и неопходно е да се осигура дека тој ќе остане посветен на компанијата.
Пакетот е 300 пати поголем од највисоката плата на извршен директор во САД минатата година.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.