Експертите наведуваат шест знаци кои укажуваат дека имунитетот е ослабен, и би требало да го зајакнете:
Желба за слатки
Aко изедете чоколада од 100 гр значително ја намалувате способноста на белите крвни зрнца во наредните пет часа да ги уништат бактериите.
Помалку вода во организмот
На телото му се потребни многу течности за да ги исфрли токсините. Ако вашата урина е светложолта, без боја и мирис тогаш вие внесувате доволно течности.
Вишок килограми
Вишокот килограми се штетни за срцето, мозокот и останатите органи, а вишокот килограми значително го слабее имунолошкиот систем. Прекумерната телесна тежина предизвикува хормонална нерамнотежа која ја намалува способноста на имунитетот да се одбрани од инфекции.
Сув нос
Влажноста во носот е природен одбрамбен механизам на телото со кој се штити од грип и настинки. Секретот во носот ги спречува вирусите да навлезат во телото. Ако носните канали се суви, бактериите полесно ќе навлезат во телото.
Хроничен стрес
Стресот е еден од најголемите непријатели на имунолошкиот систем. Преголемото ниво на стрес во телото не само што ќе го зголеми ризикот за настинки и грип туку и ќе ги влоши симптомите. Лицата кои се под хроничен стрес, често ги чувствуваат најтешките симптоми и им треба двојно подолго време да закрепнат.
Чести настинки
Ова е знак кој покажува дека имунолошкиот систем не работи како што треба. Возрасно лице во текот на сезоните на грип ќе биде настинато до три пати, што во просек трае од три до четири дена. Ако почето настинувате, тоа значи дека немате никаков природно развиен отпор.