- Алијансата посветува повеќе ресурси за следење на руската технологија
- НАТО ја гледа Украина како пример што треба да се следи за иновациите
Земјите членки на НАТО наскоро ќе почнат да споделуваат повеќе разузнавачки информации со Украина, вели помошникот генерален секретар на НАТО, Дејвид ван Вел, пренесуваа Укринформ, повикувајќи се на Блумберг.
„НАТО планира да ја прошири соработката со Украина за одбранбената технологија и да сподели повеќе разузнавачки информации за способностите на Русија за електронско војување, бидејќи некои нејзини членки ги укинуваат ограничувањата на способноста на Кијив да води војна“, се вели во написот.
Според Ван Вел, договорот кој воведува нови рамки за споделување информации, вклучително и за синџирите на снабдување за беспилотни летала, ќе биде финализиран навреме за самитот на НАТО во Вашингтон во јули.
Една од целите на програмата е да помогне Украина да стане технолошки провајдер од големи размери откако ќе заврши војната. НАТО, исто така, сака да повтори дел од брзото усвојување и распоредување на технологијата забележано во Украина од почетокот на војната, рече Ван Вел.
Тој додаде дека руската инвазија на Украина ја натера Организацијата на Северноатлантскиот договор да посвети повеќе ресурси за одвраќање од сајбер безбедноста и следење на руската воена технологија.
Д. Мишев