Тензично e во и надвор од албанскиот парламент, каде се одржува протест организиран од крилото на Демократската партија, на Сали Бериша и Партијата на слободата на Илир Мета, чии привзаници се судрија со полициските службеници распоредени пред зградата, јави МИА.
Во законодавниот дом, пленарната седница почна со тензии, откако мнозинството го одби барањето на опозицијата да се расправа околу истражувачките стории на италијанската РАИ3 и најтиражниот германски весник „БИЛД“ каде Албанија е нарекувана наркодржава, како и барањето да му се дозволи на Сали Бериша, кој е во куќен притвор, да присуствува на седниците.
Фљамур Нока, поранешен министер за внатрешни работи, кој заедно со дел од колегите од опозицијата ја блокираа говорницата, се судрија со припадниците на Националната гарда, кои се дел од обезбедувањето, по што по неколкуте опомени, претседателката на парламентот, Линдита Никола го исклучи Нока од седницата. Поради недостиг на атмосфера за работа, Никола на двапати беше принудена да ја прекине седницата.