Американскиот модел Бела Хадид (24) не се откажува од летните кратки маици, па дури и кога температурите во Њујорк се блиску до минусот.
На фотографиите може да се види дека убавицата излегла на првиот снег во Њујорк многу лесно облечена на ниските температури и ужива додека лежи на снежната прекривка.
– Трет ден снег. После работа, напишала манекенката под објавата каде лежи во снегот, а сите гледаат во нејзиниот совршено рамен стомак.
Таа собра над 2 милиони лајкови на овие објави, додека 36,5 милиони фанови ја следат на социјалната мрежа Инстаграм.
„Облечи се“, „Убава си, но ќе те фатат јајниците и бубрезите“, „Прекрасна, а ова се вика храброст“, „Леле, уживај во снегот“, беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.