По денешниот бомбашки напад во Кабул, во кој загинаа најмалку девет лица, а 15 се повредени, засега никој не презеде одговорност за нападот, а авганистанските власти за експлозијата ги обвинија талибанците.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан денеска изјави дека во последните три месеци во нападите низ земјата се убиени 500 цивили, а за нив локалните власти ги обвинуваат талибанците.
Аријан изјави дека токму талибанците во изминатите три месеци извршиле голем број напади низ целата земја, во кои 500 цивили биле убиени, а над 1.050 ранети.
Тој потврди дека убиството на цивили е воено злосторство.
Талибанците не излегоа со коминике за овие наводи.