Истражувачите од Светската здравствена организација (СЗО) детално ги испитале антивирусните лекови како што се Ремдесивирот и хидроксихлорокинот, надевајќи се дека ќе се покажат како ефикасни во борбата против ковид-19. Сепак, истражувањето дало сосема спротивни резултати.
СЗО препорачува на тешки и критични пацинети да се даваат кортикостероиди како што е дексаметазонот, орално или интравенски. Овој лек не се препорачува за лесни случаи.
Светската здравствена организација спроведе обемно истражување за ефикасноста на четири антивирусни лекови – Ремдесивир, Хидроксихлорокин, Лопинавир и Интерферон. Ова се лекови кои во моментов се користат за лекување на хоспитализирани пациенти со ковид-19.
Главната цел на истражувачите била да се процени смртноста на пациентите во болниците, но и да се испита колку долго пациентите престојуваат во болницата и кога завршуваат на респиратори. Студијата открива дека ниту еден лек што моментално се користи не е од корист за овие пациенти.
Претходните истражувања, не толку обемни, покажаа дека овие лекови може да имаат некои придобивки за пациентите со ковид, но новото истражување не успеа да ги потврди претходните наводи.
Новите откритија ќе имаат големо влијание врз третманот на пациентите со коронавирусот ширум светот. СЗО препорачува кортикостероидите како што е дексаметазонот да се дава на тешки и критични пациенти орално или интравенски. Овој лек не се препорачува за лесни случаи.
Други ветувачки третмани вклучуваат моноклонални антитела против ковид-19, обновувачка плазма и имунолошки модулатори. Овие третмани во моментов се во третата фаза на тестирање.
Моноклоналните антитела се лабораториски изработени протеини кои ги имитираат ефектите на антителата произведени во сопствениот имунолошки систем во борбата против болести.
Реконвалесцентната терапија вклучува собирање на плазма од луѓе кои веќе се опоравиле од ковид-19 дадена на пациенти кои се борат со оваа болест.
Имунолошки модулатори се лекови кои ја активираат, ја подобруваат или обновуваат нормалната имунолошка функција. Дексаметазонот е еден од тие лекови, но постојат и неколку други.