Според протечените податоци од 2022 година, странците поседувале минимум 198.000 станбени недвижности во Дубаи во вредност од повеќе од 90 милијарди американски долари истата година, вели Андреас Окланд од Факултетот за економија и бизнис на Норвешкиот универзитет за општествени науки (NMBU), пишува ИРЛ.

Според истражувањето, кое го објавува ИРЛ, а кое е резултат на шестмесечната истрага предводена од глобалната мрежа на истражувачки новинари која што ги обработи протечените документи обезбедeни од Центарот за напредни одбранбени студии од Вашингтон и норвешкиот медиум Е24 новинарите пронајдоа најмалку 200 осудени криминалци, бегалци, политичари обвинети за корупција и санкционирани поединци кои поседувале недвижен имот во Дубаи. Дел од овие луѓе се и од Македонија.

Во протечените податоци има повеќе од 40 недвижни имоти во сопственост на граѓани од Северна Македонија. Според истата анализа, вкупната вредност на овој имот во сопственост на македонски граѓани изнесува нешто повеќе од 15 милиони американски долари.

Но, македонските граѓани од нашата приказна не се било кои Македонци. Туку се политички и економски моќни лица, а на добар дел кариерите им биле проследени со обвинувања за корупција и трговија со влијание.

Станува збор за лица кои биле политичари или се роднини или блиски пријатели на политичари во Македонија, луѓе против кои има истраги или судски пресуди, луѓе кои се под меѓународни санкции и луѓе кои го стекнале своето богатство преку прекршување на законите. Овие податоци за недвижностите на македонски државјани не ја отсликувааат нивната вкупна приватна и деловна активност. Тие може, но и не мора, да имаат и други имоти во Дубаи.

Целата сторија на ИРЛ.