Швајцарија победи на 68-от избор за песна на Евровизија, ставајќи крај на густата и на моменти бурна конкуренција засенета од спорот околу вклучувањето на Израел и дисквалификацијата на холандската натпреварувачка само неколку часа пред почетокот на големото финале, пренесува The Guardian.
Швајцарскиот пејач Немо, кој се идентификува како небинарен, влезе во вечерта како трет фаворит на обложувалниците, но ги победи фаворитите Хрватска и Израел со ентузијастичка изведба на нивната песна The Code.
Но, прашањето дали на Израел треба да му се дозволи да се натпреварува или не додека е вклучен во воен конфликт во Газа продолжи да доминира во периодот пред петдневната кич екстраваганција во шведскиот град Малме, со пропалестински активисти кои неуспешно ги повикуваа уметниците-учесници да се приклучат на нивниот бојкот.
Украина се рангираше третото место на Изборот за песна на Евровизија 2024 година.
Ј.Џ.