Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата  „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа, вели Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрално неговата изјава:

Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.

Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.

Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.

Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.