Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!, порача Гордана Силјановска Давкова, која се поклони и положи цвеќе пред вечното почивалиште на Делчев.
Меѓудругото таа порачува:
 Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други што ги удриле темелите на македонската држава. Денот на смртта на Делчев нè потсетува колкава е жртвата на нашите предци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава. Истовремено, овој ден паметник е можност да им оставиме аманет на идните генерации да ја продолжат борбата за македонска држава која никогаш не запира. Македонија е како куќа, ако не ја одржувате таа ќе се руинира, затоа треба да ги поправаме или да ги менуваме расипаните делови за, куќата наречена Македонија, да биде функционална и удобна за сите, вели таа.