Министерството за одбрана на Обединетото Кралство проценува дека 450.000 руски воен персонал се убиени или ранети, а над 10.000 руски оклопни возила се уништени во Украина, изјави Лео Дочерти, државен министер за вооружени сили, пренесува UK Defense Journal.
„Проценуваме дека околу 450.000 руски воен персонал се убиени или ранети, а десетици илјади веќе дезертирале од почетокот на конфликтот“, рече тој.
Во исто време, не е јасен бројот на загинатите лица кои служат во руските приватни воени компании.
Министерството на Обединетото Кралство проценува дека од почетокот на војната Русија изгубила повеќе од 10.000 оклопни возила.
„Над 10.000 руски оклопни возила, вклучително и речиси 3.000 главни борбени тенкови, 109 авиони, 136 хеликоптери, 346 беспилотни летала, 23 поморски бродови од сите класи и над 1.500 артилериски системи од секаков тип се уништени, или онеспособени од Украина од почетокот на конфликтот“, рече Дочерти.
Извор: Фронтлајн