Претседателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека нема да се признае Косово, додека е тој претседател.
„До април 2022. година, кога ќе бидат оддржани претседателските и парламентарни избори во Србија, Белград сигурно нема да ја признае независноста на Косово“, истакна Вучиќ во специјалната емисија на Прва Тв, запрашан дали се исклучува можноста, Србија да го прифати Косово.
„По тој период, ќе одлучува народот“, порача тој.
Претседателот Вучиќ посочи дека мисли дека подобро прашање е „дали се согласувате со признавање ил не“ и констатираше дека одгворот би бил или да или не.
„Подобро да зборуваме за тоа кој се’ се залага за признавање или непризнавање на независноста на Косово. Тогаш одговорот би бил или да или не. До април 2022. година, кога ќе бидат изборите, тоа сигурно нема да се случи“, истакна Вучиќ.