Американската конгресменка од Минеаполис, Илхан Омар, (38) побара отворање истрага против американскиот претседател Доналд Трамп за „криминално занемарување на лекувањето на нејзиниот татко”.
Таткото на Илхан Омар, Нур Ома Мохамед (67), бил роден во Сомалија, а починал од Ковид -19 во јуни годинава.
Илхан Омар ја обвини Белата куќа за лошиот третман на заразените за време на пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека администрацијата на Трамп е одговорна за смртта на 300.000 луѓе.
-Татко ми и повеќе од 300.000 луѓе починаа затоа што Трамп ја третираше пандемијата на криминално неодговорен начин, како и неговата администрација, рече таа за Ем-ЕС- Ен-Би-Си.
Омар е родена во Могадишу и е членка на Фармерско-работничката демократска партија, а позната е по несогласувањата со Доналд Трамп.