Соединетите Држави не биле вклучени во никакви офанзивни операции, изјави државниот секретар Антони Блинкен, откако американски официјален претставник изјави за Си-Ен-Ен дека Израел извршил напад врз Иран.
„Она на што сме фокусирани, на што е фокусирана Г7, и повторно, тоа се рефлектира во нашата изјава и во нашиот разговор, е нашата работа за деескалација на тензиите“, рече Блинкен.
Како што пренесува Си-ен-ен, друг висок американски функционер изјави дека САД добија однапред известување во четвртокот за планираниот израелски напад во наредните денови, но не го поддржаа во одговорот.
Додека Израел го погоди Иран во текот на ноќта, што изгледаше како ограничена одмазда за нападот од минатиот викенд, Белата куќа усвои строг пристап што ја одразува желбата на американските официјални лица да го задржат нивото на дистанца од одлуката.
Американските власти, кои рекоа дека добиле предупредување од Израел за нивните планови, ниту го поддржаа ниту го осудија контранападот. Наместо тоа, тие се обидоа да разјаснат дека изборот е само на Израел.
„Ние не бевме вклучени“, рече еден функционер.
Иако американскиот претседател Џо Бајден советуваше воздржаност во неодамнешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, сугерирајќи дека контранапад можеби не е неопходен поради успешното пресретнување на иранските ракети и беспилотни летала, малкумина во Белата куќа навистина веруваа дека Израел нема да стори ништо. Официјални лица побараа од Израел однапред предупредување за плановите.
Драган Мишев