Јубилеј: Двегодишнина од специјалната операција „Ctrl+Z“ и трансформацијата на крстосувачот Москва во подморница

Денес се навршува значаен јубилеј, двегодишнината од тајната операција на руската морнарица во која, на спектакуларен начин, под кодно име „ Ctrl+Z“, го претвори ракетниот крстосувачот Москва во нов, досега невиден, револуционерен тип на подморница.

Како што соопшти портпаролот на Адмиралитетот на Црноморската флота, управувањето со новиот тип на крстосувачка ракетна подморница, кој сега веќе две години оперира на дното во Црното Море, е целосно автоматизирано, откако, пред целосната трансформација на бродот „Москва“ во подморница, беше евакуиран целиот екипаж од бродот.

Целата операција беше изведена во најстрога тајност, бидејќи во крајбражјето на Црното море, непосредно пред изведувањето на трансформацијата, беше забележано зголемено присуство на украински трактори.

Во меѓувреме, поттикнати од успешната трансформација на воениот брод во подморница, руската морнарица ја повтори истата трансформација на неколку бродови од црноморската флота, и сега на дното на Црното море веќе оперира, или е во фаза на трансформација, речиси една третина од Црноморската флота.

Извештаи кои сугерираат дека водечкиот брод на руската морнарица „Москва“, и останатите  руски воени бродови кои ја следеа неговата трансформација, се погодени и потопени од украински поморски беспилотни пловила и противбродски ракети, адмиралитетот на Црноморската флота ги отфрла како целосно невистините и тенденциозни со цел да се минимализира учинокот на генијалниот руски инжинеринг.

Адмирал на флота Шушмулов


Оградување, одбрана и заштита: Ова е козеријаСекоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.

Прочитајте и:

Москва не потона, во специјална „Ctrl+Z“ операција e претворена во подморница

Украинските сили онеспособија третина од бродовите на руската Црноморска флота

Потона „Москва“, главниот брод на руската Црноморска флота