МВР на кантонот Сараево потврди дека доцна синоќа во месноста Бентбаша се пронајдени две безживотни тела – жена и дете помладо од четири години, пренесува Klix.ba.
„Вечерва нешто пред полноќ во полициската управа Стари Град е пријавено дека е пронајдено тело во корито на река во Миљацка, во месноста Бентбаша. Од патролата која излегла на терен ја потврдиле информацијата. Покрај полициските екипи на теренот се упатени и пожарникари и брза помош.
„Во 01:30 часот извлечено е тело на средовечна жена, заедно со телото на дете до четири години“, соопшти МУП. на кантонот Сараево.
Лекарите на лице место констатирале смрт на двете лица.
Според засега достапните информации, на телата нема видливи повреди.
Полициски службеници, под надзор на обвинител, продолжуваат со работа на расветлување на сите околности на овој настан“, велат од локалното МВР.
Неофицијално се дознава дека детето било врзано за мајката и заедно се удавиле. Полицијата работи на идентификација на починатите.