Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски е позитивен на Ковид-19.Информацијата ја објави на Фејсбук, посочувајќи дека има лесни симптоми.
„Поради лесни симптоми, направив Ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоѓа начини, но заедно ќе го победиме“, информира Николовски.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во понеделникот објави дека има благи симптоми и направил тест на кој добил позитивен резултат.