Останаа уште само неколку часа за договор меѓу Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија, изјави главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние пред Европскиот парламент.
Според него, дојде „моментот на вистината” за двете преговарачки страни.
Лондон и Брисел денеска ги продолжуваат преговорите и часови ги делат до крајниот рок утврден од Европскиот парламент до недела за да може да се ратификува евентуален договор до 31 декември, кога Велика Британија ќе го напушти заедничкиот пазар и царинската унија.