Израел ќе дозволи привремена испорака на помошта до Појасот Газа преку преминот Ерез, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Воениот кабинет ги овласти премиерот Нетанјаху, министерот а одбрана, Гоав Галант, и министерот Бени Ганц да преземат итни чекори за зголемување на хуманитарната помош за цивилното население во Појасот Газа“, се наведува во соопштението.
Како што се додава, помошта ќе придонесе за спречување на хуманитарната криза, но „таа е неопходна и да се обезбеди продолжување на борбите и да се постигнат целите на војната“.
Израел ќе одобри „привремена“ испорака на хуманитарна помош преку израелското пристаниште Ашдод, 40 километри северно од Газа, и преку преминот Ерез, на југот на земјата.
Властите, исто така, ќе дозволат поголема испорака на јорданска помош преку Керем Шалом, граничен премин во јужен Израел.
Претходно, како што објави Le Monde Шпанската невладина организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека заедно со американската добротворна организација Светска централна кујна (WCK) ја прекина испораката на помош за Газа по море, откако седум хуманитарни работници беа убиени во израелски воздушен напад во понеделникот,
Двете организации работеа заедно за да започнат поморски коридор со хуманитарна помош за Газа од Кипар во март и завршија со истоварот на околу една третина од испорачаната стока кога конвојот работници на WCK беше нападнат на 1 април.