НАСА во вторникот соопшти дека го анализира објектот што неодамна паднал од „небото“ на дом на Флорида. Веројатно се работи за фрагмент од отфрлен дел од Меѓународната вселенска станица (ISS).Tore through the roof and went thru 2 floors. Almost his my son.
Can you please assist with getting NASA to connect with me? I’ve left messages and emails without a response. pic.twitter.com/Yi29f3EwyV
— Alejandro Otero (@Alejandro0tero) March 15, 2024
НАСА: Го анализираме објектот
Отеро, исто така, објави снимка од неговата надзорна камера од објект кој пропаѓа низ покривот во 14:34 часот по локално време.
„Значи, тоа е 19:34 UTC, што е во согласност со проценката на Вселенските сили за атмосферски влез над Заливот – 19:29 UTC. Мислам дека можеби сте во право и тоа е канистерот за батерии ЕП-9“, коментира астрофизичарот Џонатан Мекдауел во својата објава.
Наскоро се јави и НАСА.
“Во договор со сопственикот на куќата, го земавме предметниот објект. Ќе го анализираме во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида што е можно поскоро за да го утврдиме неговото потекло. Дополнителни информации ќе бидат достапни по анализата”, изјавила НАСА за АФП.
Кој ќе ја преземе одговорноста за штетата?
Според извештајот на Ars Technica, батериите биле во сопственост на НАСА, но тие биле во контејнер лансиран од јапонската вселенска агенција – потенцијално комплицирајќи ја одговорноста за штетата на домот.
Ова не е прв пат „вселенското ѓубре“ да предизвикува проблеми на Земјата. На пример, во 2022 година, дел од капсулата SpaceX Dragon падна на австралиска фарма за овци. Скајлаб, првата американска вселенска станица, се урна во Западна Австралија.