Во вторник, на 26 март во 18 часот во Ист Гејт (Зелена оаза, во близина на Зара), во Скопје ќе биде отворена изложбата „Од срце – за животот“, која има за цел да поттикне отворено размислување и разговор за значењето на органодонорството и трансплантацијата.
Во рамки на оваа средба ќе бидат доделени и наградите за најдобрите решенија на Повиците за визуелни дела за дизјанери и за средношколци – на тема: трансплантација и органодонорство..
Изложбата ќе ја отворат Дејвид Гир, амбасадор на Европската унија во Македонија и проф. д-р Маја Мојсова, Национален координатор за трансплантација.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.