Во израелските напади врз Газа во изминатото деноноќие загинаа уште 65 Палестинци, билансот порасна на 31.988

-Најмалку 65 лица загинаа, а 92 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, пренесува Агенцијата Анадолу.

Според министерсството многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив.

-Со ова бројот на убиени Палестинци во Газа од израелските напади се искачува на 31.988, а 74.188 се водат како повредени, се вели во соопштението.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Израелската војна, која влезе во својот 167-ми ден, принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели. Во енклавата се појави акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од нејзината инфраструктура се оштетени или уништени, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој во јануари донесе привремена одлука со која му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за гарантирање на хуманитарната помош за цивилите во Газа.

Х.С.