Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му даде поддршка на својот сојузник Бенјамин Нетанјаху пред претстојните парламентарни избори во Израел, изразувајќи целосна и безрезервна поддршка за неговиот реизбор на премиерската функција.

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен кога се соочи со огромен отпор, вклучително и оној што доаѓаше од самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата T uth Social.

„Токму таков партнер Соединетите Американски Држави бараат од Израел – земја за која направија толку многу. Нека ова писмо послужи како израз на мојата целосна и безрезервна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор на функцијата израелски премиер“, наведе американскиот претседател.

Националните избори во Израел ќе се одржат на 27 октомври и ќе бидат први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, настан што ја потресе земјата и го втурна Блискиот Исток во хаос.

По нападот, Израел влезе во војни во Газа, Либан и Иран.

Изборниот исход би можел да одреди дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најпресудните периоди во израелската историја или ќе биде поразен од противниците од центарот, кои ветуваат почеток на нова ера.