Албанскиот премиер Еди Рама одби да се извини откако вчера на прес-конференција беше обвинет дека физички заплашувал новинарка. На видеото се гледа како тој турка во лице.
Зборувајќи со новинарите на прес-конференција во вторникот, Рама ја турна репортерката Амброзија Мета, која му поставуваше прашање.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
Му реков: „Не ме допирај повеќе“ и тоа беше тоа“, рече таа, додавајќи дека го прашала премиерот за инвестицискиот проект во Албанија кој е поврзан со Кушнер, зетот на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.
„За жал, премиерот Рама сега со физички контакт ја покажува својата вообичаена ароганција кон новинарите. Жал ми е што шефот на владата не може да се контролира кога го прашуваат за прашања од јавен интерес“, истакна Мета.
Секако, по обвинувањата, Рама се огласи на својот X профил и одби да се извини.
Apologies?!
Apologies following a completely abhorring lie while everything is in video and a dozen of journalists, and cameramans as well are eyewitnesses of the simple truth that not only there was anything near to an agression, but all questions were answered patiently… pic.twitter.com/iqH3xE7SMl
— Edi Rama (@ediramaal) March 19, 2024